Достапни линкови

Посматрачка мисија на НАТО со цивилна и воена компонента


Официјален Вашингтон го поздрави формирањето на новата коалициона влада во Македонија и побара продолжување на чекорите кон целосна демократизација на земјата.

„Соединтетите Држави срдечно ја поздравуваат новата мултиетничка коалиција формирана од премиерот Бранко Црвенковски и со широка поддршка од македонските граѓани. Градена врз септемвриските фер избори, внимателно формираната нова влада ја потврдува позитивната македонска ориентација кон евроатлантските интеграции. Ја охрабруваме да ги продолжи напорите за комплетна имплементација на Охридскиот рамковен договор и за јакнење на мултиетничките демократски институции и пазарната економија. Соединетите Држави ќе ја продолжат поддршката за Македонија во сите овие напори.“

изјави портпаролот на Стеј Департментот Филип Рикер на редовната прес конференција во Вашингтон. Перспективите на новата македонска влада деновиве беа разгледувани и од експерти на работната група за Балканот на Вашингтонскиот Институ за мир. Оваа влада, според соопштението од расправата, отвора нови можности, пред се што и двете партии го поддржуваат Охридскиот Договор и сакаат да одат напред. ,,И покрај тоа што некои Македонци не го прифаќаат тоа, присуството на поранешните албански герилци во парламентот е фактор за стабилноста на земјата,, сметаат од Институтот за мир кои додаваат дека и натаму постои политички ризик, бидејќи коалиционите партии ветиле дека секој ќе ја штити својата етничка заедница. ,,Првите обиди да се поделат не само министерските места, туку и функциите во државните компании, навестуваат дека во македонската политика можеби и нема да дојде до суштински промени,,. Доколку сакаат да привлечат странски вложувања, новата влада, според аналитичарите во Вашингтон, треба побрзо да тргне кон повторно воспоставување на безбедбноста , да го поддржи меѓуетничкото помирување и да воспостави правна држава. Ангажирањето на Европската Унија во Македонија вроди плод и на политички и на економски план, но според експертите, Унијата треба да понуди нешто чии резултати ќе бидат побрзи. Македонските надежи дека земјата ќе стане кандидат за членство во Унијата се премногу далечни за да дејствуваат како ефикасен поттик. Аналитичарите додаваат дека ЕУ и НАТО треба да пронајдат начин со цел да се избегне создавањето нов меѓународен протректорат по 15 декември. Според нив, соодветно решение би било во Македонија да има посматрачка мисија на НАТО која би имала цивилна и воена компонента. Во заклучоците на Работната Група за Балканот се наведува дека Соединитетите Држави во тесна соработка со Европската Унија треба да продолжат да се ангажираат на Балканот. На таков начин би се осигурало - евентуалната промена на мисијата на НАТО да не биде погрешно протолкувана како американско повлекување.
XS
SM
MD
LG