Достапни линкови

Никола Поповски изненаден


Претседателот на Собранието Никола Поповски е изненаден од ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на годината да ја бојкотира работата на парламентот. Тој ги повика уште еднаш да разговараат и да ја ревидираат оваа одлука:

„Мој прв впечаток е дека таа одлука не е доволно обмислена, дека е донесена од тесен круг луѓе и наметната врз останатите од пратеничката група. ВМРО нема аргумент зошто ја напушта седницата на собранието. Се разбира дека тоа е многу сериозен политички чин.“

Поповски ќе го повика координаторот на пратеничката група на либералите Стојан Андов да се изјасни дали и тие се приклучуваат на бојкотот, бидејќи Марјан Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ не може да настапува во нивно име. Првиот парламентарец потсети дека и порани имало вакви случаи, меѓутоа:

„Вака драстични чекори до сега немало.“

И пратениците на СДСМ во претходните состави ја бојкотирале собраниската работа вели Поповски, додавајќи оти нивните искуства тпгаш не биле позитивни:

„Ние сфативме дека тој начин на работа не е добар и се вративме во парламентот и учиме на сопствените грешки.“

Што се однесува до преземањето на вице премиерската функција од страна на Муса Џафери од ДУИ, Поповски истакна дека тој неможе да ја извршува должноста се додека не даде свечена изјава пред Собранието.

„Првата наредна седница на Собранието е на 12-ти ноември и јас очекувам до тогаш да дојде, да даде пред собранието свечена изјава и од утредента да ја преземе функцијата член на владата.“

На таа седница, како што најави Поповски ќе бидат избрани и двајца потпретседатели на Собранието, парламентарните комисии и заменик министрите.
XS
SM
MD
LG