Достапни линкови

logo-print

Спроведувачите се надеваат на соработка со граѓаните


Се надевам дека граѓаните ќе соработуваат и ќе даваат точни податоци, бидејќи постојат казни за оние кои ќе одбијат да дадат информации, вели Елена Димова, попишувач во контекст на пописот на населението во земјава кој започнува денеска, а ќе се спроведува до
15 ноември.

Покрај очекувањето за соработка со граѓаните сепак постои резерва кај попишувачите кои ќе работат на теренот:

„Се сомневаме дека повеќе луѓе нема да сакаат да кажат колку работи всушност работат, бидејќи се плашат да не ја изгубат работата. Меѓутоа, тоа се доверливи информации и тие се исклучиво за Државниот завод за статистика и се користат исклучиво за статистички цели.“

Податоците кои секојдневно ќе се собираат на теренот, ќе се доставуваат до реонскиот инструктор кој се грижи за организацискиот дел. Но, негова задача е и

„Негова задача е да се посочи каде се греши и како треба тоа да се исправи,“

изјави реонскиот инструктор Татјана Арсовска Ивановска.

За разлика од нив, државните инструктори се грижат за успешно спроведување на пописот во реонот за кој се одговорни.

„ја има таа задача да ја надгледува работата на комисијата за попис,“

вели Апостол Симовски, државен инструктор.

Со цел да се добијат веродостојни податоци, покрај домашните инстанци кои ќе интервенираат во случај недоследно спроведување на пописните активности, овој процес ќе го следат и 44 набљудувачи кои се организирани во 8 реони, а ќе има и еден мобилен тим.

„Генералната цел на меѓународниот мониторинг е потврдата на фер и непристрасно попишување и постпописно попишување на населението, во согласност со меѓународните стандарди за попис. Исто така, мониторингот треба да придонесе за довербата во пописот, обезбедувајќи голем одѕиз на населението и сигурност во почитувањето на меѓународните стандарди при спроведувањето на операцијата што ќе придонесе за добивање на прецизна слика на населението во земјата и широка прифатеност на резултатите,“

изјави Татјана Митевска, портпарол на државната пописна комисија.
XS
SM
MD
LG