Достапни линкови

logo-print

Владата ја очекуваат крупни и тешки задачи


Владата ја очекуваат тешки и крупни работи изјави по изборот на новиот владин кабинет премиерот Бранко Црвенковски:

„Не очекува навистина тешка работа и крупни задачи, што ги очекуваат и нашите граѓани, а тоа се: да ги вратиме мирот, стабилноста, сигурноста и безбедноста во државата, да започнеме сериозна и искрена битка против криминалот и корупцијата, да обезбедиме претпоставки за решавање на најгорливите проблеми како што е невработеноста и да ја надминеме економската криза што е можно побрзо. Тоа ќе бидат главни приоритети и на тоа ќе се посветиме во наредниот период.“

И Хисен Рамадани поранешен пратеник и политиколог со став, задачите на новата влада воопшто не се мали но не теба да се потцени и довербата добиена од две третини од граѓаните на Македонија. Владината програма, а воедно и експозето на премиерот Бранко Црвенковски беа релативно храбари и одмерени смета Хисен Рамадани поранешен пратеник.

„Повеќе тежиштето да го стават на јавниот интерес сврзани со социо-економските, социјалните и меѓунационалните односи и проблемите од меѓунационалните односи така да ги одлепат, по мое мислење, од историските, идеолошките и ксенофобичните стереотипи како што ги имаме на Балканот доста присутни, однбесувајќи се кон нив како кон општи проблеми на граѓаните во државата во целина. Ако во ова успеат, чинам дека тоа ќе биде голем чекор напред кон граѓанска консолидација и демократија на Македонија.“

Втора значајна точка од владината програма која остава впечаток е според Рамадани е економскиот и социјалниот дел:

„Тежиштето се става и кон општите цели, општиот тренд за одење кон едно тнр. Општество на општа благосостојба на граѓаните, што е една, на прв поглед, далечна цел, но сепак мислам дека со оглед на пристапноста таа чини еден дел од оваа програма што јас ја ценам за позитивна. Тој тренд по мое мислење ќе значи и голем напор на владата за затворање на извориштата на организираниот криминал и корупцијата и за санкционирање на веќе остварениот грабеж на државниот имот и капитал.“

Зборувајќи за негодувањата од одредени партии за вклучувањето на ДУИ во владината коалиција Хисен Рамадни со став:

„ДУИ е објективен политички субјект, со силна поддршка во Македонија и тој факт воедно е и гаранција за стабилен развој на Републиката во целина. Се разбира, и ДУИ од своја страна зеде голема одговорност со тоа што вети дека доследната имплементација на Охридскиот договор и на уставните промени претставува заокружување на концептот за граѓанска држава или за држава на сите граѓани на Македонија.“
XS
SM
MD
LG