Достапни линкови

НАТО со сериозна намера за останување по 15-ти декември


Иако сеуште без конечна одлука НАТО со сериозни подготовки за останување во Македонија и по 15-ти декември. Состанокот на севернотланскиот совет резултираше со барање до воената команда да ги разгледа опциите И да предложи модел за идната мисија во земјава.

„Она што НАТО сега сака да го направи, сеуште непреземајќи обврска е да ги праша воените власти да излезат со некој совет за она што може да се случи. Сеуште не е решено што ќе се случи по 15 декември, а НАТО побара од воените власти да дадат совет,“

појасни советникот на првиот човек на НАТО Робертсон, Марк Лејти. Ова откако стана извесно дека европската унија сеуште не го надмина проблемот со Турција. Оваа земја поради спорот со Грција како членка на НАТО, но не и членка на Унијата се спротивставува на исполнувањето на договорот наречен берлин плус со кој се предвидува ставање на располагање на капацитетите на НАТО на идните европски сили

„Секогаш велевме дека нема никаков проблем Европската Унија да го преземе мисијата. Постои договор кој ги регулира односите меѓу унијата И НАТО наречен Берлин плус. Побарано е од госпиодин Солана да информира за последните напори за решавање на постоечките прашања, а тие не се се уште потполно решени. Значи ќе продолжиме да чекаме,“

изјави Лејти Откако американскиот амбасадор во НАТО Николас Барнс во берлин оцени дека евросилите, и покрај инсистирањето на Унијата сеуште не се подготвени за старт. Барнс во Берлин потврдил дека НАТО останува во македонија и по 15ти декември, но оти сеуште се разгледува прашањето за природата на мисијата. Расположението во Вашингтон за мисијата во Македонија го илустрираше неодамна и претседавачот на американскиот комитет за НАТО Брус Џексон. Тој рече:

„Јас сум конзервативен републиканец и нема да ви кажам како европските мировнби сили се прекрасна работа. Всушност јас сум изненаден што тие воопшто постојат. Сеапк сметам дека младите европски демократии мораат да имаат конструктивни односи и со НАТО И со Европската Унија и она што Македонија треба да направи е да ги дефинира своите барања и да реши која од овие две институции може да ги исполни. Тешко е да се каже колку идните европски сили би можеле да им одговорат на барањата на Македонија бидејќИ сеуште никој јасно не ги не дефинирал.“

Предлогот на претседателот Трајковски за цивилна мисија се разгледува иако според дипломатски извори во Брисел преовладува мислењето дека на Македонија сеуште и е потребна воена мисија.
XS
SM
MD
LG