Достапни линкови

Скопје: Избрана новата влада


Со 72 гласа „за“ и 28 гласа „против“, Собранието на Република Македонија ја избра новата влада на чие чело е Бранко Црвенковски. Кабинетот на Црвенковски брои 18 членови. Министер за внатрешни работи е Хари Костов, за одбрана Владо Бучковски, а за надворешни работи Илинка Митрева. Министерството за финансии ќе го раководи Петар Гошев, ресорот правда Исмаил Дардишта, а економијата Илија Филиповски. Славко Петров е новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Реџеп Селмани за здравство, Азис Положани за образование, Јован Манасиевски за труд и социјална политика, Александар Гештаковски за локална самоуправа, Благоја Стефановски за култура, Милаим Ајдини за транспорт и врски и Љубомир Јанев за животна средина и просторно планирање.
XS
SM
MD
LG