Достапни линкови

Инспекторите спречени да ги прекинат врските


Инспекторите на управата за телекомуникации денеска беа спречени од менаџментот во „Телеком“ да го реализираат најавеното прекинување на врските на релација мобилен кон фиксен телефон и обратно.

„Поради вака констатираната состојба ќе преземеме дополнителни судски мерки кон двете компании и одговорните лица коишто ги наведоа компаниите во писменото известување до нас дека се одговорни за овој случај,“

вели директорот на управата за телекомуникации Зоран Трајчевски.

Недоставувањето налог за извршување што значеше и одбивање на наредбата за прекин во линиите како и нестручноста на инспекторите резултираа со продолжување со нормална работа на телефонскиот сообраќај објаснува Мирослав Котевски заменик главен технички директор на „Телеком“:

„Можно е да се случи да се направат далеку поголеми, да кажам штети на системот, ако тие самите тоа го направат. И мислам дека тие апсолутно не прифатија самите тоа да го сторат. Едноставно, бараа од нас да го извршиме, меѓутоа нашиот став е познат.“

Според Трајчевски, со денешната реакција на менаџментот на „Телеком“ се покажа дека нивната единствена намера е да го пролонгираат потпишувањето на интерконекцискиот договор со што се оневозможува влегувањето на вториот мобилен оператор.


„Двете компании се ставаат над институциите на Република Македонија и можеби тоа се единствени примери во Европа кога некоја приватна компанија се става над законите што владеат во една држава, неводејќи воопшто сметка за интересите на нивните корисници.“

Ние имаме повисоки интереси што сме обврзани да ги штитиме. Се додека не добиеме судско решение одлуката на управата нема да ја спроведеме коментираат во „Телеком“

„Првиот интерес е интересот на националната безбедност на Република Македонија. Втората причина е поради тоа што е ова против државниот интерес, против интересот на македонското стопанство.“

По денешните слу6увања Управата за телекомуникации ќе побара од судот времена мерка за отстранување на раководните лица од двете компании како и бришење на шифрата од судскиот регистер за вршење на дејноста од мобилен кон фиксен и обратно.
XS
SM
MD
LG