Достапни линкови

Четири години за подобрување на капацитетите за прием во НАТО


Следниве 42 месеци меѓу двата самита на НАТО по претствојниот во Прага и оној во 2006-тата се период во кој Македонија, исто како и Хрватска и Албанија треба да работи на подобрување на своите капацитети на прием во Алијанстата, е пораката на претседавачот со американскиот комитет за НАТО Брус Џексон исптратена во рамките на неговата еднодневна посета на земјава.

Според првиот човек на американската невладината организација која работи на внесување на новите членки во НАТО главни проблеми на Македонија се отвореното прашање на државниот интегритет, нестабилноста на политичките институции, корумпираноста во владеачките структури и лошиот имиџ пред раководствопто на НАТО.

Последново, рече Џексон е резултат на трансверите со оружје минатата година и реакциите и коментарите дадени од претходната влада. На патот кон НАТО не се клучни воените туку демократските реформи:

„Она што американскиот претседател и неговите советници ги интересира се генералните вредности и ќе поставувааат прашања за корупцијата, јакнењето на судството, интегрирање на малцинствата, слобода на медиумите и се она што го претставува корпусот на цивилносто демократско општество,“

рече Џексон.

Во овие 42 месеца, според Џексон се отвора можност за радикални реформи што ќе ја приближат земјата кон западните демократии. Но, Македонија истовремено е во противречна ситуација, од една страна таа бара членство во НАТО од друга има потреба од мисија на алијансата. Згора на тоа пред неа се поставува дилемата која наликува на барање да избере меѓу мисија на НАТО или на Европската Унија.

„Секој што бара од Македониај да избере меѓу НАТО И Европската Унија не е вистински пријател на Македонија,“

вели Џексон и додава:

„Она што Македонија треба да го направи е да ги дефинира своите барања и да реши која и дали воопшто некоја одговара на нејзините барања. Но, треба да се признае дека македонското тежнеење треба да биде да нема никаква воена мисија на нејзина територија.“
XS
SM
MD
LG