Достапни линкови

Македонија да продолжи да работи на нејзината стабилизација


Македонија треба да продолжи да работи на нејзината стабилизација е пораката на Евро пратеникот во заминување Ален Лероа по прошталната средба со претседателот Борис Трајковски.

„Треба да се продолжи да се работи на стабилизација и да има целосна сигурност насекаде. Новиот министер за внатрешни работи ќе има многу работа полицијата да ја направи целосно ефикасна во Тетовскиот регион. Убиствата на млади луѓе повеќе не смее да се случуваат, тоа е неприфатливо.“

Македонија има голем потенцијал смета Лероа кој вели јас сум оптимист за Македонија. Имавте најдобри избори на Балканот. 73 отсто од граѓаните излегоа на изборите и немаше сериозни инциденти. Македонија треба да биде горда со себе нејзината иднина е со ЕУ.

Лероа и со порака до неговиот наседник белгиецот Алекис Брунс:

„Да слуша, зашто е лесно тука да се разберат луѓето. Треба да патува низ земјата и да запозната што е можно повеќе луѓе. Македонија е млада земја која треба да ги гради своите институции и верувам дека тој тоа ќе го почитува оти е многу искусен човек и сигурен сум дека ќе заврши добра работа.“

Лероа заминува в петок а во Македонија е од октомври минатат година неколку месеци по потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор, чие спроведување беше негова основна задача.

„Ќе продолжам да и помагам на Македонија, колку што можам од многу позиции во Париз и во Брисел. На Македонија и посакувам многу среќа за поголема стабилност, поголем економски развој и повеќе работни места, што е клучно за оваа земја.“
XS
SM
MD
LG