Достапни линкови

Втор саем на невладини организации


За подобрување на меѓусебната комуникација и координација на невладините организации во Македонија од денеска до петок во Скопје во хотелот Александар Палас се одржува саемот на невладините организации во нашава земја, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, фондацијата институт отворено општество, институтот за трајни заедници и католичките служби за помош. За вториот по ред НВО саем во Македонија, раководителот на секторот, граѓанско општество и демократија при МЦМС, Сунчица Саздовска, вели:

„Основната цел на НВО саемот е да ја подобри меѓусебната комуникација и координација од една страна, а од друга страна да придонесе за подобра информираност на јавноста и другите актери за граѓанското општество. Во основа, саемот се состои од два дела: првиот е изложбен дел, каде што граѓаните ќе можат да го изложат својот материјал и да ги презентираат своите програми и активности, а вториот е форумсми дел којшто всушност е простор за дискусија за прашања од секторот коишто се значајни за секого. Во форумскиот дел ќе бидат одржани 29 сесии.“

Инаку во изложбениот дела на саемот пријавени за учество се 212 невладини организации, додека:

„пријавувањето за форумскиот дел оди на лице место со регистрацијата.“

Исто така за потребите на саемот секој ден од осум други градови во Макеодноја ќе биде обезбеден транспорт и шест дополнителни транспорт тури.
Околу финансирањето на саемот Саздовска изјави:

„Проектот е финансиран од Европската агенција за реконструкција. Со извесен дел учествуваат и организациите – организатори, а и самите невладини организации коишто учествуваат во изложбениот дел.“

За разлика од мината година, годинава, како што рече Саздовска, ова година саемот претрпе и значителна измена и тоа:

„Нагласката повеќе е ставена на дискусиониот или форумски дел, па така и името е изменето од НВО саем во НВО саем – форум на граѓанското општество во Македонија.“

Но, она што саемот сака да го задржи е коинтинуитетот во одржувањето,

„Невладините организации се договорија НВО-саемот да прерасне во традиционална годишна манифестација,“

вели Саздовска.
XS
SM
MD
LG