Достапни линкови

Пратениците мора да го регулираат работниот однос


Народните избраници кои вршат дејности кои според законот се неспоиви со пратеничката функција, а нема да го регулираат својот работен однос во Собранието по сила на законот го губат својот мандат. Државаната изборна комисија во овој случај го известува наредниот кандидат на листата да го превземе мандатот, вели Каролина Ристова член на собраниската верификациона комисија и асистен на правниот факултет, функција која во моментов и е ставена во мирување, токму поради инкомпатибилноста на функциите.

„Ниту законот за избор на пратеници, ниту деловникот на Собранието не се баш јасни во однос на постапката. Но, сметам дека иницијативата за ова може да ја покрене секој пратеник или пратеничка група, по укажување на јавноста, медиумите или по сопствени сознанија.“

Таа вели дека таквата иницијатива треба да се достави до Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања, по чиј предлог расправа Собранието. Ристова објаснува дека на пример професијата асистент и професор на факултет се интересни во контекст на професионализацијата, бидејќи тие експлицитно не се споменати во законот

„Проблематично е тоа што природата на професијата, природата на собраниската работа, дали тие дозволуваат и натаму да се биде ангажиран – волонтерски или врз основа на договор – не би било проблем бидејќи вашиот екстра-труд и неговата наплата во овој случај не би бил остварен во стопанска и профитна дејност, туку како надомест на интелектуален труд.“

Но, таа нагласува:

„Посебно интересно е прашањето дали можете да ја вршите својата поранешна професија волонтерски. Тоа е една сива зона којашто се уште треба да се расчистува.“

Слична е ситуацијата и со лекарсаката професија:

„Ако сте во приватна пракса каде што се јавувате како сопственик на ординација, тогаш не можете да продолжите да работите. А ако сте во државниот сектор, ситуацијата според мене е посложена, особено со професорскиот кадар од лекарите којшто има релации и со Универзитетот.“
XS
SM
MD
LG