Достапни линкови

Започна санацијата на манастирот во Матејче


Надлежните од републичкиот завод за заштита на спомениците на културата велат дека се работи на изготвување на столаријата, односно вратите и прозирците, а до крајот на седмицава планирано е екипите да излезат и на терен да ги инсталираат.

Со тоа ќе се обезбеди заштита на манастирот од атмосферски влијанија пред претстојната зима. Паралелно, екипите ќе започнат и со активностите за заштита на црквата Св. Ѓорѓија во центарот на Матејче.

Манастирот Св. Мала Богородица датира од 14-тиот век, а е од големо историско, духовно и национално значење за македонскиот народ. Во минатогодишната војна беше командно-логистичка база на тогашната ОНА чиишто припадници значително ги оштетија шест вековсните фрескоживописи.

По повлекувањето на припадниците на ОНА манастирот беше оставен без обезбедување, така што до поставување полициски надзор овој значаен објект е дополнително оштетен за чија што реконструкција и приближно враќање во првобитната состојба ќе треба повеќе време, пари и работа.
XS
SM
MD
LG