Достапни линкови

logo-print

Да се одредат точки за дискусија за решавање на отворените прашања


Македонскиот проблем е непознат за пошироката православна екумена. Тука сум на покана од владиката Петар и сакам да утврдам што точно се случува, ова е прв чекор по кој се надевам ќе следат други за да се најде решение за состојбите, изјави архиепископот на атиохиската патријаршија господин Павле:

„Македонскиот случај е чуван како добра тајна од различни патријарси.“

Затоа антиохискиот архиепископ без прецизен став за случајот Македонија:

„Се обидувам да работам со македонските свештеници да ги внесам темите во свеста на целиот православен свет,“

но и со препорака:

„Оттргнете се од светската политика. Никогаш не треба да престанувате да преговарате.“

Искуството говори дека многу цркви на патот кон автокефалноста се соочиле со потешкотии:

„Она што се случува тука не е посебен случај. Ова не е прв пат. Кога бугарската црква се обиде да добие независност, кога романската црква се обиде да добие независност беа бојкотирани. Значи, се чини дека тоа е нормално, она што се случува овде,“

рече архиепископот на атиохиската црква.

Сознанијата и информациите од престојот тука црквениот великодостојник ќе ги презентира до неговиот патријарх:

„Сите овие информации заедно со многу други ќе му бидат презентирани на патријархот, да се одредат одредени точки на дискусијата. Ќе има средби со другата страна и пополека ќе се најде заедничка основа, без да се газат принципите.“
XS
SM
MD
LG