Достапни линкови

Пристигнуваат 44 набљудувачи за пописот


Во земјава денеска пристигнуваат 44 набљудувачи од повеќе мегународни организации како Европската унија, Совет на Европа, ОБСЕ, Обединетите нации, кои ќе го набљудуваат претстојниот попис што ќе се спроведува од 1 до 15 ноември, вели Ирена Гузелова, портпарол на Европската унија.

„Тоа е многу специфична и со одредена цел набљудувачка мисија. Не е, на пример како набљудувањето на изборите каде по неколку дена може да се каже како поминал процесот. Овде станува збор за експерти во нивните области, демографи, статистичари.“

Ѓузелова посочува дека набљудувањето на овој пописот ќе биде во две фази:

„Како прво тие ќе одат на терен со попишувачите, односно со лугето кои ќе одат по домовите и ќе ги собираат информациите и втората, односно онаа фаза по пописот кога тие ќе ги разгледуваат методите по кои е спроведуван пописот.“

Набљудувачите ќе останат во Македонија до крајот на ноември, а агенцијата Еуростат при Европската унија ќе биде активно ангажирана и во целиот процес на средување на податоците:

„Ова е многу долг процес. Првичните резултати ќе ги имаме наредната година во јануари. За финалните пак ќе треба повеќе време, односно околу две години од спроведување на пописот.“
XS
SM
MD
LG