Достапни линкови

logo-print

Потпишан договор за прекугранична соработка


Градоначалниците на Скопје, Ристо Пенов, Софија Стефан Софијански и на Ниш Горан Ќириќ ја потпишаа декларацијата за институционализирање на евро регионот за преку гранична соработка како и договорот за соработка меѓу Универзитетите од овие три града.

Триголникот Скопје-Ниш-Софија има за цел и забрзување на евро интеграциските процеси и обезбедување услови локалните власти сомостојно да ја развиваат економската политика.

Со потпишувањето на овој документ рече претседателот на Македонија Борис Трајковски:

„Мои очекувања се дека овој евро-регион ќе има свое влијание и врз економиите на земјите чии региони се поврзуваат со ваквиот начин.“

Југословенскиот министер за внатрешни работи Зоран Живковиќ обраќајки им се на градончалниците изјави во минатото имало многу обиди проблемите на некоја од овие земји да се решат создавјќи им на соседите поголеми проблеми, но рече тој:

„Се надевам дека излеговме од тој период и дека е втемелена свеста дека нашите заеднички проблеми единствено можеме да ги решиме ако заеднички тоа го направиме,“

изјави Живковиќ.
XS
SM
MD
LG