Достапни линкови

Штрајкови уште пред истекот на првите сто дена


Социјалниот договор со владата ќе го потпишеме седум дена по нејзиното конституирање, а по овој период ќе инсистираме на рализиција на ветеното. Доколку не се придржува, ние нема да седиме со скрстени раце е ставот на првиот човек на сојузот на синдикатите на Македонија Ванчо Муратовски.

„Повеќе од сигурно е дека ќе се соочи со уште поголеми штрајкови од она што се правеше на досегашната влада заради тоа што се работи за влада која што добила наша поддршка.“


Нема да чекаме сто дена владата да почне со исполнување на нашите барања. Се работи за влада што имала претходно искуство и која знае кој се и како треба да се решат проблемите на работниците.

„Мислам дека нема потреба за давање време, со оглед на тоа што не се работи за нова влада и за влада која нема искуство во раководење со држава.“


И покрај најавите ние како синдикат не бевме консултирани во изборот на првите луѓе во ресерите што директно не засегаат здравство и труд и социјална политика, вели Муратовски.


„Сметавме дека по поддршката што ја дадовме на коалицијата За Македонија Заедно, треба да бидеме консултирани и треба да бидеме третирани рамноправно како со останатите партнери во коалицијата. За жал не излегоа на виделина нашите предлози.“

Муратовски констатира, сојузот на синдикатите на Македонија е незадоволен од начинот на кој е конституирана новата владата.

„Јасно е дека човекот што е сега на здравство нема многу компетенции да го води, но очигледно е дека се работи за меѓунационална политика.“

Интензитетот на вработувањата во јавната администрација од страна на владата во заминување делумно опадна. Причината според синдикатот е сите функционери кои треба да ги примат овие луѓе се или на одмор или на боледување.

„Практично во министерствата и во државните органи, во јавните претрпијатија, нема луѓе кои се на раководните места. Сите на раководни места се отидени или на одмори или на боледување и нема кој да ги прима оние луѓе кои решиле претходно да бидат примени.“

Според пресметките на синдикатот од јуни до средината на октомври во јавната администрација е збогатена со нови 6,000 работници.
XS
SM
MD
LG