Достапни линкови

ЕУ и НАТО треба да се договорат за Македонија да заземе политички став


Мисијата на НАТО во Македонија најпрвин како „Неопходна жетва“, започна на 25-ти август минатата година, со цел да го собере оружјето од тогашната ОНА. Таа се одвиваше во три фази и заврши на 27-ми септември, со собрани повеќе од три илјади и 800 парчиња оружје. Истиот ден е формирана нова мисија „Килибарна лисица“ со 700 војници и мандат да ги заштитува набљудувачите на ОБСЕ и Европската Унија што ги придружуваа македонските мешани полициски патроли при влегувањето во селата што не беа под контрола на државата. Но, иако полицијата се врати, а парламентарните избори во кои НАТО имаше задача да ги обезбедува мониторите завршија успешно мислењето што преовладува, во повеќето европски земји е дека на Македонија сеуште и е потребно меѓународно воено присуство, ни изјави неодамна европратеникот Лероа додавајќи:

„Мое лично мислење е дека сеуште е важно тие да бидат присутни веројатно до средината на идната година,“

рече Лероа.

Со експресното продолжување на мандатот на НАТО до 15 декември македонскиот државен врв, во случајов, преку претседателот Трајковски покажува дека се согласува со ова. Но, дилемата на која Македонија засега е без одговор е за каква меѓународна мисија станува за НАТО или за европски сили и врз што би се базирал нивниот мандат.

Иако, во сите одговори на дипломатите не се заборава фактот дека Македонија е суверена држава која мора да ги покани војниците било да се европски или оние на НАТО главната дискусија засега сепак се води во Брисел

„Се додека не дојде до еден цврст став или договор мрѓу ЕУ и НАТО ние исто така не би можеле да заземеме исто така еден политички став. Ние очекуваме да биде легално дефиниран мандат, кој ќе ни даде за право ние како влада и претседателот да седнеме потоа и да разговараме за сите оние модалитети и форми на евентуално нивно присуство на одредени структури во Република Македонија.“

изјави председателот Трајковски.
XS
SM
MD
LG