Достапни линкови

Њујорк: До крајот на идната недела резолуција за Ирак


Американскиот амбасадор во Обединетите нации Џејмс Кунингам вчера изјави дека САД сакаат Советот за безбедност на Обдинетите нации до крајот на идната недела да гласа за нова резолуциај за Ирак за разоружување. Претходно, генералниот секретар Кофи Анан го повика Советот едногласно да донесе нова резолиција. Поддршка за тоа од Кина која има прво на вето во Советот побара и американскиот претседател Џорџ Буш на средбата со кинескиот претседател Џијанг Цемин во Тексас. САД бараат резолуција со која Ирак ќе се откаже од оружјето за масовно уништување или во спротивно ќе се соочи со последици.
XS
SM
MD
LG