Достапни линкови

Снајперистот уапсен


Властите во Мериленд ја тргнаа сенката на стравот што ја ширеше снајперистот во поширокиот регион на Вашингтон, кој уби 10 , а рани три лица. По апсењето на 41 годишниот поранешен воен ветеран од заливската војна Џон Ален Мухамед и 17 годишниот државјанин од Јамајка Џон Ли Малве , Мајкл Бушард од федералното биро за алкохол , тутун и огнено оружје изјави дека балистичките тестови покажуваат поврзаност на пронајденото оружје со 11 од 13 – те снајперски напади.

„Резултатите од тестирањето покажуваат дека оружјето најдено во возилото што го окупираше Мухамед е смртоносното оружје.“

Воениот ветеран Мухамед и 17 годишното момче се осомничени дека се извршители на серијата смртоносни снајперски напади, но се уште не се официјално обвинети. Тие се се уште се сослушуваат. Џон Ален Мухамед се држи во притвор за незаконско држење на оружје, а Џон Ли Малве како потенцијален сведок. Америоканскиот претседател Џорџ Буш ја поздрави акцијата на властите која е примена со големо олеснување во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG