Достапни линкови

Изградено „Детско село“


Многу добро знам што значи напуштено дете, вели Гордана Николовска директорката на проектот наречен „Детско село“ во кои се згрижуваат деца без родители.

„Имам професионално искуство во оваа област и ова уште од стартот го доживеав како една варијанта подобра од веќе постојните, нешто што се приближува до семејството, колку што може да се надомести она што едно дете го изгубило.“

Во детското село живеат со своите штитеници таканаречени СОС мајки.

„Мајката се грижи за децата. Таа купува, ги подготвува за на училиште, ги носи на училиште и буквално се грижи за нив како биолошка мајка.“

Засега во селото има само едно дете. Се разбира тоа е милениче на севкупниот персонал, но особено на жената која е негова СОС мајка:

„Постојано спомнувам дека господ ми го пратил Ангелче. Тоа е дете толку многу желно за живот и многу да осознае, едно мило дете. Такво дете те исполнува и те прави и тебе мил и фин.“

Трнав барајќи работа, но сфатив дека пронајдов нешто повеќе од само професија, вели едната од трите жени што го поминале процесот на селекција и едукација за да се здобијат со правото да бидат СОС мајки.

„Ни во еден момент до ден денес не се покајав што се зафатив со оваа работа, туку се чувствувам уште похрабра за да можам повеќе да дадам кога ќе ми дојдат и другите дечиња,“

вели едната од трите жени што го поминале процесот на селекција и едукација за да се здобијат со правото да бидат СОС мајки. Критериумите се високи:

„Се работи за специфична професија и најважно од се ни е да ја избегнеме флуктуацијата, затоа што тие деца еднаш во животот биле напуштени и ние не би сакале тоа да се случи и кај нас овде.“

Детското село во скопската населба Ченто е дел од повеќе од 400 такви села во 31 земја во светот. Тоа се проекти на австриската невладина организација „СОС – киндердорф“. Иако добрите услови, изградените семејни куќи, со дворови, игралишта сеуште ги чекаат своите 84 деца, нивното присуство е вградено во надежите на луѓето што стојат зад овој проект.

„Ова село го гледам полно со деца.“
XS
SM
MD
LG