Достапни линкови

Помогни и на планетата Земја


Во наредниве два месеца ќе се спроведува кампања за подигање на еколошката свест под мотото - Помогни и на својата планета, биди примерен земјанин. Оваа кампања е во рамките на проектот - прв национален извештај Македонија за климатски промени, што го реализираат Министерството за животна средина и агенцијата на обединетите нации за развојни програми.

„Проектот го зафаќа многу актуелниот проблем на глобално затоплување. Идејата е да се зголемат сознанијата во земјата во врска со глобалното затоплување и со причините коишто доведуваат до глобално затоплување од што се менува климата и се предизвикува пораст на температурата, промена на врнежите инт. И какви се последици можат да настанат од глобалното затоплување коешто локално различно се манифестира.“

вели Маја Ажиевска национален координатор на проектот.
Целта е да се зголемат сознаинијата на граЃаните во врска со овој феномен и да се натераат да помогнат во решавање на проблемот. Ажиевска посочува дека населението ќе се запозне со оваа појава преку постери, видео спот, односно ќе се направи обид да се укаже како со мали чекори тоа може да придонесе во намалување на загадувањето , а притоа да се вклучи во светските напори за борба против глобалното затоплување
Аживеска вели оти до граЃаните ќе се апелира

„дека преку рационално користење на електричната енергија – а тука се мисли на кориистењето на разни апарати за домаќинството, преку загревањето на просториите што е актуелно во зимскиот период – понатаму преку сообраќајот, преку рециклирање на употребата на автомобили на кратки релации, преку промовирање на јавен превоз и велосипеди, преку создавање отпад... значи, некои мали, едноставни работи коишто не бараат никакви инвестиции, а придонесуваат кон создавање на помали емисии на гасовите коишто го предизвикуваат ефектот стаклена градина и на тој начин придонесуваат во борбата против глобалното затоплување.“
XS
SM
MD
LG