Достапни линкови

Тито Беличанец, автор на Договорот за продажба на ОКТА. Сложен правен случај


Каква е вашата прва реакција по повод решението на уставниот суд на Македонија да пристапи кон оценување на договорот меѓу владата на Република Македонија и ОКТА?

Очигледно станува збор за комплициран, сложен правен случај, заради тоа што во досегашната своја практика Уставниот суд не поведуваше постапки кога беа во прашање меѓудржавни договори склучени со други држави. Да се потсетиме, таков беше случајот со привремениот договор за соработка со Грција. Но, знаете, Уставниот суд може и да го измени својот став и да оцени дека и меѓудржавните договори се во негова надлежност. Тука се смета на тоа дека со ратификацијата, меѓудржавниот договор станува дел на правниот систем на земјата.

Без претензии да прејудицираме евентуално решение на Уставниот суд на Македонија: дали тој може да го поништи договорот?

Уставниот суд во принцип не може да поништува поединечни акти, бидејќи според член 110 од Уставот на Република Македонија, уставната жалба има ограничен досега во однос на нејзината употреба за оспорување на поединечни акти. Меѓутоа, за овој договор надлежен е определен странски суд и навистина ќе настане една сложена правна ситуација. Јас сум убеден дека Уставниот суд ќе биде многу внимателен, оти овде не е во прашање политичко, ами едно сериозно уставно-правно прашање. Одлуката може да има далекусежни последици врз сигурноста на странските инвеститори во иднина во Република Македонија.
XS
SM
MD
LG