Достапни линкови

Протест поради убиството во Тетово и албанизацијата на образованието


Замислен како мирно дефиле од страна на организаторот Средношколската Унија на Македонија поради како што вели претседател Александар Николовски:

„Протестот е поради две причини: прво, убиството на средношколецот Ванчо Јосифовски од Тетово и второ, албанизацијата на образованието, односно предлогот за поставување министер од терористичката УЧК и обидите за промена на имињата на средните училишта во Тетово, како и поставувањето на бисти на албански терористи.“

Бојкотот на наставата и протестите резултираа и со повредени:

„со повреди во делот на главата, градниот кош и лактот. Се работи за лесна телесна повреда.“

изјави хирургот во градската болница во Скопје Виктор Камиловски. Организаторот се оградува од овие инциденти, како и од некои пароли

„Средношколска унија не стои зад тоа, се оградува и во секој нормален протест имате луѓе коишто сакаат да прават инциденти и тоа еднаш апсолутно треба да се разбере.“

За Николовски ова беа успешни протести.

„од проста причина што имавме огромен одѕив и со тоа средношколците покажаа дека апсолутно ги осудуваат последните настани во образованието. Денес беше прекрасно, средношколците покажаа дека знаат што сакаат, докажаа дека имаат сили и дека иднината можат да ја земат во свои раце и самите да одлучуваат за она што понатака ќе се случува во државата. Сега е ред на надлежните луѓе, на оние коишто ја водат државата, да покажат дали имаат барем малце национална свест за водење држава.“

Но, за паралелната средношколска асоцијација - Унијата на средношколци станува збор за обид политички да се искористи трагедијата во Тетово

„од причина што не мпже да се дозволи една семејна трагедија да биде искористена и злоупотребена за политички цели.“

вели претседателката Јована Базерковска.
XS
SM
MD
LG