Достапни линкови

Подгорица: Победа на коалицијата на Ѓукановиќ


Според неофицијалните резултати од вчерашните парламентарни избори во Црна Гора, победник е коалицијата на претседателот Мило Ѓукановиќ -За европска Црна Гора, освојувајки 39 мандати. Опозиционата коалиција Заедно за промени добила 30 места, Либералниот сојуз 4, а албанските партии 2 места во собранието. Ѓукановиќ оцени дека победил европскиот концепт и најави усвојување на договорот за лабава федерација со Србија, кој овозможува независност по 3 години.
XS
SM
MD
LG