Достапни линкови

Најдоцна утре Поповски ќе го добие предлогот за новата влада


Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски кој вооедно е и мандатар за сотав на новиот владин кабинет, по седницата на централниот одбор на партијата ги соопшти имињата на седумте министри од редовите на СДСМ

„Потпретседател на владата, задолжен за европски интеграции Радмила Шеќеринска, за надворешни работи Илинка Митрева, министер за одбрана Владо Бучковски, министер за внатрешни работи Хари Костов, министер за локална самоуправа Александар Гештаковски, министер за култура Благоја Стефановски, министер за економија Илија Филиповски.“

На ДУИ како што веќе беше објавено ќе и припадната 4 министерства и едно вицепремиерско место и тоа , ресорите образование , здравство , транспорт и врски како и министерството за правда . Иако во оптек се неколку имиња од оваа партиија со сигурност не може да се каже кој ќе ги предводи овие ресори .
Мандатарот Цренковски воздржан дали меѓу имињата на кандидатите за министри од ДУИ се наоѓаат и бивши команданти на ОНА

„Јас не би сакал да дадам никаков коментар додека не го видам официјалниот предлог. Ние чекаме да бидеме известени. Дали ќе имаме средба или ќе ни биде соатевно на друг начин не знам, доколку оценам врз основа на предлозите дека е неопходна средба ќе имаме средба со преговарачкиот тим.“

ЛДП во новиот владин кабинет ќе управува со ресорите финансии на чие челоќе биде Петар Гошев, труд и социјална политика Јован Манасиевски, земјоделие Славко Петров додека местрото вицепремир ќе му припадне на Владо Поповски.

Листата на Кандидати за новата влада до првиот парламентарец Никола Поповски според мандатарот Бранко Црвеновски ќе биде доставена

„Најоптимистичка варијанта е вечерва, а најпесимистичка варијанта е утре.“

Претседателот на Собранието, согласно деловникот, седницата на која треба да се изврши избор на новата влада ќе ја свика најрано во рок од десет дена, односно кон крајот на месецот.
XS
SM
MD
LG