Достапни линкови

Убиено едно, а повредени три деца од македонска националност


Тетово претпладнево е во шок по вчерашниот вооружен напад врз група младинци од македонска националност, во кој едно лице беше убиено, а три се повредени.

Осумнаесет годишниот Ванчо Јосифовски беше убиен на импровизираното играчиште кај стариот стадион во Тетово во близина на местото каде ден пред тоа во престрелка со полицијата загина едно лице од албанска националност.

Неофицијално се дознава дека полицијата ги знае иденитетите на напаѓачите, но во интерес на истрагата не се откриваат повеќе детали освен фактот дека тие од порано се регистрирани поради криминални и терористички дејствија.

Според очевидци, напаѓачите до местото дошле со автомобил марка „Опел“ со бела боја со швајцарски регистарски таблички кој запрел во непосредна близина на насобраните деца. Потоа, совозачот го отворил прозорецот од кој извадил автоматска пушка и отворил оган врз собраните деца.

Два куршума смртно го погодиле осумнаесет годишниот Ванчо Јосифовски. Напаѓачите веднаш избегале од местото, а Јосифовски е итно префлрлен во медицинскиот центар во Тетово, каде е констатирана смрт.

Во болница се префлрени уште тројца повредени во нападот, од кои двајца од огнно пружје и едно дете кое од шок паднало во безсознание. Најтешко повредениот Душко Билбиловски е префрлен на лекување во Скопје. Тој се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот, поради што му е извршена хируршка интервенција. Вистински масакр не се случил бидејќи некои од децата ја забележале пушката што убиецот ја извадил низ прозорецот и ги предупредиле останатите да бегаат. Полицијата ги презема сите активности за пронаоѓање и приведување на убијците.
XS
SM
MD
LG