Достапни линкови

СДСМ сака да го вклучи и ПДП во владата


Победничката коалиција „За Македонија Заедно“ ќе има и втор албански коалициски партнер во владата. Тоа ќе биде ПДП, на која најверојатно ќе и биде отстапено едно заменик министерско место и директорско место во едно од јавните претпријатија, велат во СДСМ.

„Ние сме расположени за соработка, но сега за сега нема ресор кој би го покривал член од ПДП, зборувам за министерските места,“

изјави портпаролот Јани Макрадули.

Според неофицијалните информации ПДП ќе го добие заменик министерското место во ресорот локална самоуправа. Деталите за ова ќе се договоараат викендов.

„Најверојатно ДУИ ќе го земе тоа што му следува, а тоа е прашање на договор меѓу мандатарот и ДУИ, тоа ќе биде исто така и меѓу мандатарот и ПДП во разговорите,“

изјави потпретседателот на ПДП Абдуљади Вејсели.

Интересен е ставот на ДУИ која неме да отстапи ниту едно министерско ниту заменик министерско место за ПДП. Агрон Буџаку вели, немаме ништо против доколку СДСМ сака да ги вклучи во владината коалиција.

„Ние кога влеговме во преговорите за коалиција за новата влада, јасно рековме дека ние настапуваме сами како партијата што освои најголем број гласови од албанскиот електорат и што го имаме мандатот. А, што се однесува до другата страна коалицијата ЗА, јас мислам дека тие веќе имаат девет партнери и нивна работа е дали мислат да го вклучат и ПДП.“
XS
SM
MD
LG