Достапни линкови

Еден убиен и еден ранет напаѓач


Според МВР околу 21 часот и 25 минути кај стариот градски стадион на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, во близина на местото каде за време на кризата се наоѓаше полицискиот пункт, патрола на сообраќајната полиција се обидела да запре патничко моторно возило марка „Опел Кадет“.

Наместо да запре возачот ја зголемил брзината упатувајќи се кон полицаецот, кој успеал да се тргне за да не биде прегазен. Во истиот момент, од возилото кон полициската патрола биле истрелани неколку куршуми од автоматско оружје. Полицјаците возвратиле со оган кон возилото, кое не засатанало и продолжило да се движи. Според очевидци, престрелката меѓу полицајците и вооружената група била жестока.

20-тина минути подоцна, во медицинскиот центар во Тетово е донесен 21 годишниот Матин Адили од Тетово, кај кого лекарите констатирале смрт како последица на повреди добиени од огнено оружје. Во болницата исто така бил донесен и 21 годишниот Менсур Рамадани од Тетово, кој имал прострелна рана.

Полицијата во разговор со ранетиот Рамадани, утврдила дека двајцата биле инволвирани во нападот на сообраќајната патрола, ни изјави портпаролот на МВР Воислав Зафировски.

Утринава при извршување на стручниот увид од страна на секторот за внатрешни работи, на местото на настанот беа присутни и истражни судски органи, како и претставници на мисиите на ОБСЕ и на НАТО „Килибарната Лисица“.
XS
SM
MD
LG