Достапни линкови

„На маса“ уште имињата


По двонеделни преговори меѓу претставниците на „За“ и ДУИ договорена е поделбата на министерските места во идниот кабинет на мандатарот Бранко Црвенковски. ДУИ ги добива:

„правда, образование, транспорт и врски и здравство,“

потврди потпретседателот и еден од преговарачите на оваа партија Агрон Буџаку.

Освен ова ДУИ ќе има и замнеици министри во:

„за одбрана, за внатрешни работи и за земјоделство,“

рече Буџаку.

Според него работите сега околу составот на новата влада би требало да одат побрзо

„најважното е договорено.“

На агендата на денешните преговори се конкретните имиња на идните министри и заменици министри.

„ние имавме договор и став дека се до крајот на преговорите, ова не е за јавност.“

вели Буџаку иако од партиски извори веќе се лицитира со имињата на Теута Арифи за образование, Муса Џафери како вицепремиер, Реџеп Селмани здравство, Абдуљхалим касами транспорт и врски и како иден министер за правда Исмаил Дардишта.

Карактеристично за сите имиња е што станува збор за луѓе кои не биле команданти на ОНА, согласно барањето на коалицијата „За Македонија Заедно“. На оваа коалиција и претстои и финален договор меѓу СДСМ и ЛДП за местата во новата влада.

„Прецизирани се работите, бидејќи без ние внатре во коалицијата да се договориме, не можевме ни да го постигнеме овој договор со ДУИ, што значи дека има начелна согласност. Денеска ќе се финишира она што веќе е договорено.“

изјави портпаролот на СДСМ Јани Макрадули. Според информациите станува збор за односот три министерства за ЛДП и седум за социјалдемократите. Сето договорено ќе биде предмет на седниците на централните одбори на партиите што влегуваат во владината коалиција, по што мандатарот Црвенковски до председателот на собранието ќе го достави предлогот за состав на неговиот кабинет и предлог-владината програма.
XS
SM
MD
LG