Достапни линкови

logo-print

Само 60 насто од граѓаните плаќаат


Само 60 проценти од претплатниците ја плаќаат радиодифузната такса која оди заедно со сметката за електрична струја, вели Љубомир Јакимовски, претседател на Советот за радиодифузија. Според него пред да се внесе оваа такса во сметката за струја, процентот на граЃани кои ја исполнувале оваа обврска бил поголем.
Причините се повеќестрани:

„Причината е во тоа што кога е донесен законот, ова обврска е утврдена по примерот на некои земји во соседството и во Европа, каде што со таксата за потрошената електрична енергија се пресметува и радиодифузната такса. Електростопанството, всушност, од самиот почеток ова не го прифати како нешто што му причинуваше особено задоволство, а од друга страна, еден дел што треба да го реализира Управата за јавни приходи, бидејќи е јавна давачка да биде наплатена по пат на присила, всушност, не започна да функционира никогаш.“

Јакимовски посочува дека има разлика мегу матичната евиденција што ја води јавното претпријатие МРТВ и Електростопанство на Македонија, а се однесува на бројот на претплатниците

„Според матичната евиденција би требало месечно да се фактурираат околу 140 милиони денари, а Електростопанство фактури 125.“

Првиот човек на Советот за радиодифузија посочува дека во најскоро време ќе мора да се најде долгорочно системско решение за ова прашање, бидејќи по приватизацијата на ЕСМ може да се очекува и прекинување на оваа пракса.

Граѓаните пак со различни мислења за овој проблем. Некои сметаат дека износот за радиодифузна такса не треба да биде на иста сметка со електричната струја

„Сметам дека треба да бидат одвоени, за да имаме увид колку ја плаќаме радиодифузната такса а колку плаќаме струја.“

Некои пак воопшто не би плаќале радиодифузна такса:

„Јас сметам дека не треба да се плаќа, бидејќи не ја гледам Македонската телевизија. И не треба да биде во сметката за струја. Има други, поубави начини.“

„Радиодифузна такса не треба да се плаќа.“
XS
SM
MD
LG