Достапни линкови

44 насто од населението живее во сиромаштија


Сите истражувања на јавното мислење во Mакедонија покажуваат дека 44 насто од испитаниците сметаат за себе дека живеат во лоши економски услови. Граѓаните велат:

„Моите економски услови за да преживеам? Катастрофални!

Економските услови се тотално нехумани, под секое човечко достоинство.

Луѓето немаат леб да јадат!“


Иако забележува дека во нашата култура постои тенденција на луѓето да се жалат повеќе одошто тоа е потребно економистот доктор Трајко Славевски вели:

„Проблемот со сиромаштијата е сериозен во Македонија, затоа што сиромаштијата беше во пораст – почнувајќи од крајот на осумдесетите, па со осамостојувањето, транзицијата, проблемите околу преструктуирањето на претпријатијата итн, стапката на сиромаштијата постојано бележеше пораст. Таа сега изнесува околу 23-24 проценти од вкупното население.“

Токму ова е основната мотивација за изготвување на националната стратегија за намалување на сиромаштијата што оваа влада ја прифати во август годинава. Иднината на оваа стратегија, примената на акциониот план не е и не смее да биде поврзана со одредена политичка структура на власта.

„затоа што има некои работи за коишто треба да постои консензус, какви што се прашањата за совладување на сиромаштијата. Овој документ има добиено легитимитет и од светската банка, а исто така интерес за него постои и кај голем број билатерални донатори.“

Ресурсите на Македонија за намалување на сиромаштијата се релативно ограничени и затоа се смета на меѓународната помош во осварувањето на целта

„На пократок рок, ќе бидеме задоволни доколку се спречи трендот на пораст и до 2005-та сиромаштијата се намали за 2-4 процентни поени. Очекувањата од она што ние го нарекуваме меѓународна заедница се релативно големи, затоа што земјите донатори се подготвени да помагаат, Организацијата на Обединетите нации, вклучувајќи ја и Светската банка и ММФ навистина ги ставија овие прашања во жижата на интересирањето, а тоа се поклопува и со тнр. милениумски цели на ООН за драстично намалување на сиромаштијата до 2015 година.“

рече Славевски
XS
SM
MD
LG