Достапни линкови

Денеска или утре ќе биде познат составот на владата


Преговорите меѓу коалицијата „За“ и ДУИ околу составот на новата влада финишираат:

„Очекуваме дека во текот на денешниот или утрешниот ден ќе се донесат главните одлуки. Во тој случај, мандатарот би можел или во текот на утрешниот ден или веднаш потоа во деновите на викендот да го поднесе предлогот до собранието,“

изјави Радмила Шеќеринска од СДСМ.

Ситуацијата е многу појасна вели еден од преговарачите на ДУИ Муса Џафери кој додава:

„До последен момент може да има комбинации со што логично и практично би можело да дојде до некоја промена во последен момент.“

Џафери ги отфрла шпекулациите за засилен меѓународен притисок за составот на владата.

„Освен прегоорите за формирање нова влада имавме и имаме контакти со меѓународнта заедница во рамките на информирањето како течат разговорите, но во таа насока нема никков притисок од нивна страна,“

изјави Муса Џафери. Контактите со меѓународните претставници се во рамките на редовните консултации

„Се разбира дека меѓународната заедница дава поддршка за еден поефикасен начин за преговори што би завршил со трансфер на власта во што покус можен рок, меѓутоа се свесни дека преговорите и нивниот успех зависи пред се од партиите коишто во моментов разговараат,“

вели Шеќеринска.Ова го потврдува и претставничката на европратеникот Леруа, Ирена Ѓузелова.

„Ние воопшто не се мешаме во овие работи за новата влада. И ние немаме никсквс улога и немаме што да бараме во вакви дискусии.“
XS
SM
MD
LG