Достапни линкови

Саутемптон: Македонија ремизираше со Англија на гости


Репрезентацијата на Македонија вечерва направи подвиг играјќи нерешено 2:2 во Саутемптон со домаќинот, репрезентацијата на Англија во квалификациите за ЕП во 2004-та година. Македонија на два пати на средбата беше во водство, 1:0 и 2:1, со евро-голот на Артим Шаќири од корнер во 11-тата минута и на Ванчо Трајанов во 25-тата минута. Фаворизираните домаќини изедначија преку капитенот Дејвид Бекам во 14-тата минута и Дејвид Џерард во 30-тата минута. На табелата, Турција води со девет бодови, Англија е втора со четири, а Македонија трета со два бода. Лихтенштајн е на четвртата позиција со еден бод, а без бодови е само репрезентацијата на Словачка.
XS
SM
MD
LG