Достапни линкови

Погрешен начин да се дојде до вистинската вредност


За едно девојче од осум години гледањето шпански серии е нешто што влегува во распоредот на дневните обврски.

„Повеќе другарчиња од тие што ги знам, гледаат серии и кога ќе пропуштам некоја епизода, тие ќе ми раскажат што се случило.“

Големата популарност на сериите кај младите ја прака пораката дека овие генерации не се само генерации на компјутерските игри туку се сеуште луѓе со потреба за одреден тип топлина, со едноставен систем на вредности со добри и лоши ликови и со оптимизам кој некако е тешко применлив во реалниот живот.

„Перспективите за нашата иднина се катаклизмични. Ние сме општество на Орвел, а сакаме да бидеме општество на Дивиот Ангел,“

вели професор по социологија на културата Антоанела Петковска. Во споредба со овие бајколики приказни

„Таму се збори како една Магдос е вљубена во Иво и како тие се сакаат, а родителите не им даваат.“

другото станува неинтересно

„Се случуваат интересни работи
облигантен е сензибилитетот на младите луѓе коишто виртуелната реалност ја доживуваат на друг начин и во една друга димензија, коишто истовремено не го изгубиле чувството и потребата да коренспондираат со онаа можеби банална, но неопходна топлина на човековото постоење.“


Никој не го спори одсуството на уметничка вредност на шпанските серии но нивната популарност секаде во светот покажува:

„дека светот во којшто живееме е таков каков што е, во којшто на еден во основа многу евтин начин, многу артифициелен ни сме во потрага да сојдеме до вистинските вредности, а тоа е погрешен начин да се дојде до нив,“

вели Петковска.
XS
SM
MD
LG