Достапни линкови

logo-print

Чекор за намалување на турканиците


Граѓаните се надеваат дека со воведувањето на електронскиот систем на шалтерите во подрачните единици на министерството за внтарешни работи каде се издаваат пасоши и лични карти ќе придонесе да се намалат турканиците

„Идејата на МВР е одлична и беше крајно време нешто да се смени во врска со долгите редици, особено во шпиц-сезоните на вадење на лични исправи и мислам дека оваа идеја добро ќе функционира, затоа што секаде во светот некако на обичен начин луѓето ги вадат овие патни исправи. Во секој случај, ќе биде поодобро отколку досега.“

И покрај позитивните оценки на некои граѓани за оваа идеја на министерството, сепак може да се слушнат и поинакви размислувања. Граѓаните велат дека за турканците пред шалтерите виновни се вработените, бидејќи на своите пријатели им овозможуват да ги завршат обврските без да се чекаат:

„Ами, секогаш било така – и порано, и сега. Ако имаш познат ќе влезеш, ако не ќе си чекаш.

Тие самите придонесуваат за турканицата, затоа што пуштаат преку ред.“

Некои пак не веруваат дека ќе има посебни ефекти од овој систем, се жалат дека тој не работи постојано

„Не работат бројчаниците и пак чекаш во колона.“

Со оглед на различните мислења на граѓаните од искуството што тие го имале за да извадат лични документи останува да се види дали навистина овој електронски систем во иднина ќе придонесе за намалувањето на маките на граѓаните.

Во министерството за внатрешни работи велат дека идејата за воведување на овој систем била токму намалување на турканиците пред шалтерите.
XS
SM
MD
LG