Достапни линкови

Шанса за зголемување на извозот


Она што е карактериситчно за влегувањето на Македонија во членство на светската трговска организација е степеност на тајност со кој ги водеше преговорите министерот на економија Бесник Фетаи и неконсултирањето и во најмала мера неиформирањето на бизнисмените околу тоа што добиваат, а што губат со вклучувањето во новото друштво.

Се работи за пазар кој апсорбира огромни количества на стоки. Со влегувањето на Макеоднија во светскта трговска организација, реално е да се очекува дека вратите за пласман на македонските производи на светските пазари да бидат широко отворени тврди економскиот експерт доктор Борче Блажевски. Од Македонија покрај металната и текстилната индустрија, конкурентни стоки на светскиот пазар ќе бидат и земјоделските производи.

„Светската трговска организација има 130 земји членки и 28 земји аспиранти за членство, со што со правилата на оваа моќна организација се опфатени околу 98 отсто од трговијата.“

вели Блажевски. Но, тој и предупредува. Влегувањето во СТО значи и влез на странските стоки во Македонија, што може директно да го погоди домашното производство предупредува Блажевски. Најдиректно погодени ќе бидат производителите на шеќер и пиво каде царината за овие производи ќе се намали за 30 односно 35 насто.

„Ќе се зголеми конкуренцијата на домашниот пазар и тоа ќе има неповолно влијание врз работењето на дел од економијата, а особено на одделни претпријатија во хемиската индустрија, секторот на енергетиката, текстилот и агрокомплексот.“

Доколку правилно бидат исползувани ефектите од влезот во светската трговска организација само на име зголемување на извозот, Макеоднија во наредната година може да регистрира зголемување на бруто домашниот производ за седум насто, тврди Блажевски.


„Извозот на Република Македонија во наредниот период би можел да се зголемува со реална стапка од 9 отсто, а увозот на стоки од 7 отсто.“

Приемот во СТО ќе биде извршен откако македонскиот парламент ќе го ратификува протоколот, што, според најавите, се очекува да се случи кон крајот на оваа или почетокот на идната година.
XS
SM
MD
LG