Достапни линкови

Остра борба против корупцијата


По формирањето на Владата сите именувани и избрани функционери веднаш ќе дадат отчет на имотот што го поседуваат, велат во коалицијата „За Македонија заедно“ и ДУИ.

„Сакаме да започнеме со примена на законот за корупција веднаш, со самото доаѓање и преземање на власта, а не како што претходната власт ја одложи неговата примена од 1 јануари 2003 година. Тоа значи дека сите функционери јавно ќе ги објават своите имоти, она што го поседуваат и со она што се занимаваат. Потоа планираме да нема да нема вработување на најблиската фамилија на избраните функционери од редовите на СДСМ, или пак да работат фирми кои се во сопственост на избраните функционери или пак на некој од нивната блиска околина,“

вели Јани Макрадули од СДСМ. Тој најавува дека ќе бидат започнати и правни процеси за сите случаи за кои има индиции на оваа појава:

Џеладин Шатку од ДУИ посочува дека пријавивањето на имотот на функционерите при преземање на надлежностите е почетна основа за справување со оваа појава. Тој вели дека за да се ублажи состојбата со корупцијата треба да се дејствува успешно на нејзините корени во сите нивоа на општествениот живот:

„Како прво е човечкиот фактор, што подразбира ангажирање во вршењето на јавни државни функции на луѓе за кои се смета дека се отпорни на злоупотреби на своите функции. И второ, ќе се залагаме за редуцирање на маневарскиот простор за појава на корупцијата.“

И експертите од оваа област ја поздравуваат најавата на новата владина гранитура

„Идејата за пријавување на имотот е со намера да се следи состојбата на имотот и дали тоа има врска со корупцијата. Транспарентност Македонија во однос на антикорупциската комисија не само што има намера активно да се вклучи, туку на еден состанок што го имавме на потпретседателско ниво со партиите коишто ќе ја формираат идната влада, побаравме претставник од цивилниот сектор да ја раководи таа државна антикорупциска комисија.“

вели Зоран Јачев од оваа организација.
XS
SM
MD
LG