Достапни линкови

Преговарачите сакаат сами да ја состават владата


Не треба јавноста или медиумите да ни ја креираат владата е оправдувањето на двата преговарачки тима на Коалицијата За Македонија Заедно и ДУИ коментирајќи ја нивната затвореност во преговорите

„Не би сакале преговорите или дискусијата да ги водиме преку јавните гласила.

Разбирливо е сосема дека ако се излезе со тие ќе се створи една ситуација во која јавноста ќе ни ја воспоставува владата.“


изјавија Радмила Шеќеринска од СДСМ и Агрон Буџаку од ДУИ.

Ваквите изјави во извесна смисла се претерани и не се упатени само до јавноста туку и до внатрепартиската јавност смета дирекрот на двонеделникот ФОРУМ Ѓунер Исмаил.

„Сведоци сме дека голем дел од тнр. шпекулации во јавноста, поточно во медиумите се резултат на разно-разни брифинзи коишто разно-разни партиски струи, пред се во коалицијата „За Македонија заедно“ ги прават, форсирајќи одредени кадровски решенија или можеби се обидуваат да наметнат одредени принципи на преговарачките групи, односно на самиот мандатар. Склон сум да им дадам за право на преговарачите. И мислам дека таа изјава уважените преговарачи треба да си ја упатат и кон сопствените партиски структури внатре – да ги обесхрабрат сите оние коишто имаат намера преку овој начин на лобирање – преку медиумите коишто не се имуни од инфекции да бидат под такво влијание од одредени брифери од тнр. сигурни извори – за одредени решенија.“

Според Ѓунер Исмаил затвореноста на преговорите би се избегнала само доколку:

„секој нивни состанок да завршува со договарање на нивна заедничка изјава. Нека потрошат малку време, нека ја навикнат јавноста на нивното присуство и со едно концизно соопштение нека демонстрираат барем единство во таа насока.“

И граѓаните сметатат дека преговарачките тимови на СДСМ и ДУИ треба да бидат потранспарентни

„Се разбира дека сакам да дознаам, но ништо не се знае.

Па, нормално, дека треба да се прашаат граѓаните бидејќи тие ги избрале тие луѓе. Не може да се криеш зад затворени врати...“
XS
SM
MD
LG