Достапни линкови

Позитивен тренд во вработувањата на етичките заедници


Постои позитивен тренд на враборување на припадниците на заедниците посебно на Албанците и тоа во судството поради практичните потреби на граѓаните и во Собранието поради употребата на албанскиот јазик, вели Рубин Двојаков, директорот на Агенцијата за државни службеници.

Тој посочува дека од донесувањето на промените во законот за државни службеници во јуни годинава од кога и практично може да се спроведува принципот на правичнас и соодветна застапеност предвиден во охридскиот договор, во Агенцијата немаат направено анализи за структурата на вработените

„Беспредметно е да правиме било какви аналитички потези во состојба кога ние не ја знаеме реалната структура по бројност и по етничка припадност на вработените. Токму затоа, ние сега со обрасците кои се веќе во дистрибуција, ќе добиеме реални податоци за структурата, за бројноста, за полот, за стручноста и сл.“

Новите вработувања во државните органи, Двојаков вели дека воопшто не се поврзани со зголемување на бројот на припадниците на заедниците во државната администрација, бидејќи Агенцијата доследно го спроведува законот кој освен соодветна и правична застапеност, предвидува и стручност и компетентрност. Според него новите вработувања се поврзани со потребата од луѓе за работа во државните институции.

Во тој контекст, тој вели дека во наредните три години ќе се спроведува проект финансиран од Европската унија, кој предвидува обука за заинтересираните за работа во администрација.

„Верувам дека наредниот месец средствата ќе бидат одобрени и ќе тргнеме во реализација на тој проект што подразбира подигање на стручните капацитети на етничките заедници, за нивно доведување во ситуација при еднакви услови да бидат конкурентни.“

Инаку, тој посочува дека анализите од мината година покажауваат дека се неосновани дотогаш пласираните податоци за застапеност на Албанците во државната администрација, од околу три проценти.

Од анилизата се покажа тие се застапени со околу десет проценти и дека се зголемува трендот на вработувања кај нив.
XS
SM
MD
LG