Достапни линкови

logo-print

Преговорите во деликатна фаза


Утре, најдоцна до крајот на неделата коалиција „За Македонија Заедно“ и ДУИ треба да ги соопштат имињата на новите министри и распределбата на ресорите меѓу новите владини колициони партнери.

На денешната средба по барање на СДСМ и на ЛДП би требало ДУИ да ги објави имињата на кандидатите кои ги планираат за министри во ресорите кои сакаат да ги добијат.

„Имињата се побарани за да се олесни договарањето околу распределбата на министерствата, затоа што коалицијата „За Македонија заедно“ проценува дека во конечниот распоред на министерствата од битно влијание ќе бидат и личностите кои ќе бидат предложени од страна на ДУИ.“

изјави Владо Бучковски.

Тоа значи СДСМ останува на ставот, во извршната власт нема место за поранешните припадници на ОНА. Токму поради ова според потпретседателот на СДСМ Владо Бучковски преговорите се во деликатна фаза:

„Па, деликатна е затоа што се во завршна фаза и затоа што веќе се прекршуваат работите околу определени личности и конечно се дефинираат министерствата. Ние предложивме досегашните четири министерства коишто ги имаа ДПА и ПДП да бидат министерства што би ги земал ДУИ, од нивна страна имаше контрапредлог и сега се бара компромис. Затоа и беше изјавата на Манасиевски дека преговорите во овој момент се во најделикатна фаза што не значи дека е доведен во прашање понатамошниот тек на разговорите или евентуално отворање на некои прашања што не можат да се премостат.“

Во ДУИ остнуваат на ставот, заинтереирани сме за сите министерства односно:

„било кое министерство да е во прашање да има и компетенции, затоа ѓто чувствуваме голема одговорност пред нашите избирачи, како што коалицијата „За Македонија заедно“ исто така има мандат да реализира една програма со нов пристап, затоа што сметаме дека ова е историски момент за Македонија.“
XS
SM
MD
LG