Достапни линкови

Лондон: Британија ја суспендираше владата на Северна Ирска


Британија денеска ја суспендираше на неодредено време владата во Северна Ирска поради последната криза која го погодува мировниот процес во провинцијата. Како што јавува Ројтерс, овој чекор на официјален Лондон го објави секретарот за Северна Ирска Џон Рид. Кризата узбувна откако ИРА беше обвинета дека ја шпионирала канцеларијата на Рид во Северна Ирска. Про-британските унионисти побараа политичкото крило на Ира Шин Фејн да биде протерана од Собранието.
XS
SM
MD
LG