Достапни линкови

Мали недостатоци што предизвикуваат огромни проблеми


Роберто Беличанец, координаторот за медиуми во рамките на пактот за стабилност за Македонија, освен јавниот сервис кој е надвор од контролата на радио дифузното тело, но и начинот на бирање на советот за радио дифузија, неговата независност или поточно владина зависност како недостатоци на законот ги потенцираше:

„Изземеноста на јавниот сервис од контролата на советот за радио дифузија. Поставеноста на овој сервис како државна телевизија, десетте насто од радио дифузната такса наменети за проекти од јавен интерес коишто иако беа добра идеја не заживеа се претворија во можност владата да ги контролира медиумите. На локално ниво треба да размислиме дали треба да се дозволи воведување на регионални концесии за да се добие квалитетна програма на локално ниво.“

Според Беличанец законот за радио дифузија што е на сила во Македонија иако не отскокнува многу од сличните закони во европксите држави, на прв поглед содржи мали недостатоци кои всушност се огромни проблеми кога тој треба да се имплементира.

„Овој што го имаме е релативно либерален, меѓутоа исто така не овозможува развој и е лимитирачки. Исто така, она што не е случај со овие закони во развиените држави, овозможува големо политичко влијание врз медиумите. Тоа се некои елементи, коишто на различни начини, преку ново законско решение треба да се отстранат за да се тргне и тој проблем.“

Првиот работен текст на измените треба да биде извршен на 1-ви јануари 2003-та година. Но, како што вели Беличанец претстои тешка борба за лобирање јавни расправи за усвојување на измените. Сепак, усното ветување што од страна на сите релевантни политички партии во земјава ги има добиено работната група која ги врши измените, како и тоа дека Македонија веќе подолг период од различни страни се притиска за изменување на законот за радиодифузија, како што вели Беличанец:

„Очекувам и преку вакво лобирање партиско во државава и преку лобирање на дипломатската канцеларија на пактот да дојде до измени. Најбитниот сегмент е ослободување на радиодифузијата од политички влијанија и за тоа е потребна законска основа, како и за претворање на МРТВ во ефикасен јавен радиодифузен сервис.“
XS
SM
MD
LG