Достапни линкови

Два различни тренда во југоисточна европа на изборите


Изборите во Босна и Србија од една и Македонија и Словачка од друга страна покажуваат два различни тренда во Југоисточна Европа. Аналитичарите и политичарите говорат за овие трендови и од аспект на улогата на меѓународната заедница.

Исходот од изборите во овие четири држави ги покажува контрастите и сличностите во регионот. Сиромаштијата и фрустрациите во Босна и Србија резултираа со низок одзив на гласачите едвај 55 насто. Во Босна во услови на разочараност од несупешните реформи на Социјал демократите изборите ги добија националните партии на србите, хрватите и бошњаците. Меѓународната заедница ургираше токму за реформистите но по изборите високиот преставник во Сараево Педи Ешдаун вака го објасни резултатот.

„Тоа што мислам дека го видовме е повеќе од било што друго, протестно гласање против владеачките партии, а не гласање за враќање на национализмот од пред 10 години.“

И аналитичарите во Босна со ист став. Гласањето, вели Сараевскиот социолог Салих Фоkо, ги покажа фрустрациите поради непроменливата ситуација.

„Денеска зборувајќи објективно постои голема апатија кај населението и енормна недоверба кон владините структури и програмите на политичките партии.“

Главна причина за нискиот одзив и на првиот круг избори во Србија е недостигот од промени, невработеноста, сиромаштијата. Со други зборови апатија. Шефот на белградскиот институт за маркетинг и истражувања Срѓан Богосављевиќ вели резултатот е индиферентност и јавна фрустрација.

„Луѓето не прават споредби меѓу она што било пред 5 години и она што е денес. Тие прават споредба меѓу она што го имале денес и она што сакале да го имаат.“

Контраст за Србија и Босна се Македонија и Словачка каде што одзивот на изборите беше околу 70 насто. Меѓународната заедница ги повика граѓаните да гласаат и да ја преземат одговорноста во свои раце. Словаците го отфрлија Владимир Мечијар бидејки со него ги губеа шансите за влез во НАТО и Европската Унија. Во Македонија беше отфрлена силната националистичка реторика. Медиумите го цитираат новиот мандатар Бранко Црвенковски кој вели дека Македонија отворила нова страница со тоа што покажала зрелост на парламентарните избори. Меѓународната заедница, сепак, останува загрижена за тоа како бившите бунтовници со нивното тешко досие за насилства и нивниот недостаток од политичко искуство ќе се однесуваат во канцелариите.
XS
SM
MD
LG