Достапни линкови

Стар проблем, што станува се посериозен


Проблемот на политизацијата на младите не е нов, но со време станува се посериозен, вели професор Емилија Симовска од институтот за социолошки и правни истраувања.

„Сите наши истражувања уште пред пет-седум години покажуваа еден исклучително висок степен на политизираност на нашата младина. Нам ни се редици генерации исшуптани од рака во оваа сфера, во однос на политичките манипулации.“

Своевидна потврда на ова се последните настани поврзани со Шемшево и гимназијата „Цветан Димов“, проблеми за кои се повикани да реагираат соодветни институции и за кои не постои аргумент зошто би биле причина за ученички протести.

„Тоа не се работи кои надираат на пример во квалитетот на учењето на децата, заради кои би било нормално да речеме да излезат на протести. Се гледа дека децата се всушност не само изманипулирани, туку и одлично организирани.“

Меѓутоа, доколку постои политичка волја за решавање на проблемот, тогаш постои и простор за оптимизам дека тоа ќе биде сторено, вели Симовска предлагајќи конкретни мерки.

„Мора да се воведе казнување на професорите и директорите кои ќе одговараат за политичкото однесување на децата. Значи, ако се востанови дека одреден професор манипулира со децата, ги провоцира на штрајк, ги провоцира на насилство, а тоа се прави масовно низ училиштата во Македонија тој треба да биде не само отпуштен од работа, туку и да му се забрани да врши дејност од сличен карактер. Ова кај нас никогаш до сега не е направено. Сега можеби некому му се чини дека казната е последното средство по кое треба да се прибегне меѓутоа до овој степен до којшто сме дојдени сега нема враќање назад. Мора да се прибегне и кон одредени репресивни методи. Понатаму доаѓа, соодветната социјализација, начинот на кој ги воспитуваме, па ресоцијализацијата на наставнциите бидејќи тие се исто така извор на меѓуетничка толеранција. Воведување на контрола над она како се воспитуваат децата од страна на тие луѓе итн. Но, за почеток мислам дека сепак треба да се даде пример дека ова што се прави подлежи на одредени санкции според постоечката законска регулатива.“
XS
SM
MD
LG