Достапни линкови

Москва: Продолжуваат разговорите меѓу Блер и Путин


Претседателот на Русија Владимир Путин и британскиот премиер Тони Блер ги продолжија разговорите за Ирак. Како што јавуваат агенциите, Блер пристигна вчера во Москва за да изврши притисок врз Путин да ја подржи новата американско-британска резолуција во Обединетите Нации. Рускиот претседател е против оваа резолуција според која се предвидува воена акција против Ирак доколку режимот на Садам Хусеин не соработува во целост со инспекторите за оружје на Светската Организација. Москва смета дека треба да им се даде шанса на инспекторите пред да се упати закана до Багдад.
XS
SM
MD
LG