Достапни линкови

logo-print

Осло: Џими Картер добитник на Нобеловата награда за мир


Поранешниот американски претседател Џими Картер е овогодишен добитник на Нобеловата награда за мир, соопштено е претпладнево во Осло. Картер, кој беше претседател од 1977 до 1981 година, е избран од 156 – те кандидати за неговите макотрпни напори, како поранешен претседател, да донесе мир насекаде во светот од Хаити до Северна Кореја. Картер беше повеќепати номиниран за наградата вредна еден милион долари, а беше блиску до победата во 1978 година кога како претседател посредуваше меѓу Израел и Египет. Тогаш Нобеловата награда за мир за постигнатиот мировен договор ја добија израелскиот премиер Менахем Бегин и Египетскиот претседател Анвар Ел Садат.
XS
SM
MD
LG