Достапни линкови

logo-print

Хрватска и Словенија одбиваат да ја ратификуваат спогодбата од Виена


И покрај потпишаната одлука за поделба на монетарното злато меѓу земјите сукцесори, ниедна од петте држави нема да може да го подигне својот дел од колачот тежок 77 милиони американски долари. Причината, Хрватска и Словенија и понатаму одбиваат да ја ратификуваат виенската спогодба која значи правно политичка рамка на поделбата.

Одредена група правни експерти по меѓународно право кои тврдат, дека и покрај недоразбирања по одредени прашања меѓу сукцесорите, распределбата може да започне и пред ратификувањето на спогодбата.

Финансискиот комитет сепак донесе одлука, се додека постојат отворени прашања поделбата нема да се реалзиира се со цел да не се оспори правната валидност на целиот процес.

Хрватска и Словенија инсистираат на одговор на прашањето, каде изчезнаа 597 милиони американски долари од осумте мешовити банки при тогашниот распад на СФРЈ. Доколку овие средства се одлеани од банките во времето кога на сила беше одлуката за ембарго на трансферирање на средства во тој случај станува збор за меѓународен криминал тврдат експертите.

Неофицијално, сомнежот паѓа кон СР Југославија како земја која присвоила најголем дел од овој колач. Неодамна, министерот за финансии на оваа земја Верољуб Дугалиќ изјави дека властите на оваа држава намаат информации каде се тие средства бидејќи со воведувањето на санкциите против СРЈ во 99 година престанала комуникацијата на југословенските институции со мешовитите банки.

Одговорот на ова прашање ќе се бара на следната средба на земјите сукцесори што треба да се одржи во Загреб. Во меѓувреме златните шипки остануваат да лежат во банките во Швајцарија и Франција.

Проблем што сеуште не е отворен меѓу земјите сукцесори е поделбата на депозитите на НБ на поранешна СФРЈ што се наоѓаат кај комерцијалните банки, а чиј износ се проценува на околу 340 милиони долари. Од вкупната маса која треба да се распредели како имот на поранешна СФРЈ предвидено е Македонија да добие 7.5%.

Од досегашниот процес на сукцесија кој трае 10 години Македонија го има добиено единствено конзулатот во Париз. За подигањена доделените златни шипки од Базел чија вредност се проценува на 75 милиони долари Македонија ќе почека до ратификувањето на винската спогодба од страна на Хрватска и Словенија.
XS
SM
MD
LG