Достапни линкови

logo-print

Спречување на трговијата со луѓе


Меѓународната организација за миграција во координација со Националната Комисија заспречување на трговијата со луѓе и илегалната миграција при МВР започнаа кампањата против трговијата со луѓе ширум Македонија.

Според Томасо Декаталдо од ИОМ:

„Целта на кампањата е да се зголеми свесноста на населението во македонија за проблемот на трговијата со луѓе. Македонија се смета како земја низ која се врши трнзитот но истовремено и земја која е крајна дестинација на трговијата со луѓе. Во последниве две и пол години нашата агенција соработува со министерството за внатрешни работи на овој проблем а заедно раководиме со транзитниот центар. Во него згриживме повеќе од 500 жртви на илегалната трговија со луѓе кои кај нас се упатени од страна на полицијата,“

изјави Декаталдо.

Кампањата ќе ги опфати сите региони во Македонија преку радио програми, поставување билборди, постери печатење брошури поштенски картички и друг вид пропаганден материјал.

„Очекуваме преку оваа кампања да го насочиме вниманието на луѓето на овој проблем подсетувајки ги дека оваа појава е незаконска бидејќи сметаме дека општеството во целина мора да почне да станува свесно за проблемот со што ќе им се отежне работата на оние што се занимаваат со илегалната трговија со луѓе,“

изјави Томасо Декаталдо претрсавник на Меѓународнта Организација за Миграција.
XS
SM
MD
LG