Достапни линкови

logo-print

Случајот Шемшево не е во согласност со рамковсниот договор


За политиката нема место во религијата и образованието, ова беше коментарот на американскиот амбасадор во Македонија Лоренс Батлер за актуелните случувања во Шемшево, на новинарско прашање во Охрид, каде Батлер рече дека сите треба да знаат дека и Македонците и Албанците треба да добиваат подеднакво квалитетно образование, како што го добиваат децата во охридското основно училиште „Братство-единство“, каде учат Македонци, Албанци и Турци.

„Имаме јасна порака дека тоа што се случува во Шемшево не е во согласност со охридскиот рамковен договор. Треба да се ослониме на министерствата во македонската влада, односно тие треба да се одговорни за вакви случаи.“

Во извештајот на американскиот Стејт Департмент за верските слободи во кој се вели дека македонската влада ја користела религијата во политички цели Бетлер рече дека не треба прекумерно да се употребуваат верските симболи во политички цели, што според него произлегува од охридскиот договор, а тоа е дека Македонија е мулти етничка и мулти културна заедница.

Мојот личен став е, рече Батлер, дека вкупните односи меѓу христијаните и муслиманите овде се добри, а доказ за тоа е што го преживеавте ланскиот конфликт.

„Нема да има цртање нови мапи на Балканот. Позицијата на САД е јасна. Ние го поддржуваме територијалниот интегритет на Македонија и развојот на жива демократија со цврст претседател на државата,“

одговори Батлер на прашањето што мислат експертите во САД за состојбите на Балканот.
XS
SM
MD
LG