Достапни линкови

По изборите имиџот на Македонија е подобрен


По изборите имиџот на Mакедонија е подобрен и ние во пактот за стабилност со нетрпение го очекуваме формирањето на новата влада изразувајќи ја нашата подготвеност да помогнеме, изјави по разговорите во Скопје со мандатарот Бранко Црвенковски, претседателот Трајковски, новиот шеф на собранието Поповски, лидерот на ЛДП Пенов и во Тетово со Али Ахмети и неговите соработници специјалниот координатор на Пактот за стабилност Герхард Бусек.

„Не можам да судам за тоа што ќе биде реално направено но темите што се споменати во разговорите кои се однесуваат на меѓусебниот дијалог, зачувувањето на Македониоја, собирањето на оружјето, безбедноста, меѓунароидна презентација на Македонија, подобрувањето на економијата и слично беа исти. Од има на Пактот за стабилност ги изразувам очекувањата токму во таа смисла и ќе работат партнерите во новата влада,“

на сите разговори била потенцирана подготвеноста и потребата за собирање на нелегалното оружје во Македонија во што пактот како институција може да помогне.

„Како што знаете во рамките на Пактот имаме центар за собирање на малото И лесно оружје во белград И веднаш штом владата ќе биде избрана ќе испратиме делегација која треба да види како И кога собирањето ќе биде извршено.“

рече Бусек.
XS
SM
MD
LG